Индустријски фасади

Двојните индустриски фасади во најголема мера се градат како челична конструкција брзо и евтино. Поради малите трошоци за одржување и големата флексибилност во проектирањето, кај индустриските објекти таквите фасади од лесна града се многу застапени. Изолацијата од минерална волна на URSA со стандардизирани димензии гарантира оптимална топлинска изолација, заштита од влага, звучна изолација и заштита од пожар. 

Индустријски фасади

За индустриски фасади постојат најразлични системски конструкции и варијанти за проектирање. Во основа станува збор за двојна конструкција, кај која кутијасти профили од челик се прицврстуваат хоризонтално на носачи. Изолацијата од минерална волна се монтира во таквите кутијасти профили од челик. Надворешниот слој ја презема улогата на топлинска изолација и е составен од трапезоидни профили, брановидни профили и други видови профили. Внатрешниот слој (цврста градба или челични носачи) служи како носечка конструкција. Изолационата лента за фасадни профили на URSA е водонепропустлива и незапалива.

Обработка

  • Кај хоризонтално монтираните профили и хоризонтална надворешна обвивка треба да се предвиди конструкција со дистанцери (на пример Z-профил, омега профил), која фиксно се монтира во подолжен правец.
  • Ролните за фасадни профили на URSA, што треба да се складираат на градилиштето на суво место, се монтираат во профилите без фуги.
  • Поради својата мека и флексибилна структура изолацијата идеално се прилагодува и на евентуални нерамнини и на формата на основата на касетата и исклучена е можноста за повратен проток на воздух за разлика од покрутата изолација.
  • Со вообичаената хоризонтална монтажа на профилите изолацијата лежи безбедно поради својата сила на стегање. Обично не е потребно дополнително прицврстување. Трајната местоположба на изолацијата се гарантира со завршна монтажа на надворешните профили.
  • При вертикална монтажа на касетите се препорачува дополнително фиксирање на изолацијата на дното на касетата со вообичаени спојни елементи.
  • Надворешната завршница на ѕидот е формирана од трапезоидни профили, кои се прицврстуваат на челичните касети.
  • Во областите, во кои се појавува зголемен проток на топлина (спојот на работ на профилот со надворешниот слој) термичката сепарација се врши со помош на лента за сепарација (на пр. еднострано леплива пенеста лента), која се монтира пред монтажата на надворешната обвивка на прирабниците на касетите.
  • За да се формира постојан херметички слој, се монтираат изолациони ленти на подолжните и попречните споеви на касетите.