Конструкција од дрвена рамка

Кај конструкциите од дрвена рамка/древни панели носечките делови и деловите за укрутување се комбинирани во една компонента. Со вообичаено осовинско растојание од 62,5 cm стандардизираните квадратни греди се коваат или зашрафуваат на носечка конструкција. Овие рамки ќе се укрутат дури по монтажата на дрвен материјал и/или материјал од гипс и заедно ќе претставуваат стабилна плоча со што се мултиплицира носивоста на поединечните компоненти.

Конструкција од дрвена рамка

Поединечните рамки може да бидат направени од масивно дрво, по можност конструктивно полно дрво, од кутијасти носачи или од греди, кои обично се користат кај ѕидови со голема дебелина (на пример пасивни објекти). Преградите помеѓу носечката конструкција целосно се пополнуваат со изолација од минерална волна на URSA и на тој начин се овозможува едноставна усогласеност со барањата за енергетска ефикасност.

Производите од минерална волна на URSA освен извонредна топлинска изолација во лето и во зима, нудат и одлична звучна изолација. Тие не се запаливи. Можни се противпожарни конструкции. За непропустливост на воздух, на ветер и заштита од влага на располагање се системските компоненти URSA SECO PRO.