Политика на приватност

Информациja за заштита на податоци

Информации за заштита на податоци на Веб страна

Веб страна www.ursa.com.mk

Ни претставува задоволство што ја посетивте оваа веб страна. Ние сме посветени на заштитата на вашите лични податоци и ги почитуваме важечките закони за заштита на податоци, особено Регулативата (ЕУ) 2016/679 за заштита на физички лица во однос на обработката на личните податоци и за слободното движење на таквите податоци, и за укинување на Директивата 95/45/ЕЗ (Општа регулатива за заштита на податоци или „ОРЗП“) и словенечкото законодавство во однос на заштитата на личните податоци.

Во овие информации за заштита на податоци, објаснуваме кои информации (вклучително лични податоци) се обработуваат од наша страна во врска со вашата посета и користење на нашата погоре спомената дигитална понуда („Веб страна“).

 

Информации за заштита на податоци на клиентите

Информации за заштита на податоци при рекламирање

Информации за заштита на податоци на деловните партнери

 

  1. Кој е одговорен за обработката на личните податоци?

Контролорот одговорен за обработка на лични податоци е УРСА СЛОВЕНИЈА, д.о.о., 8000 Ново место, Повхова улица 2, Словенија. Сите упатувања на „ние“ или „нас“ во овие информации за заштита на податоци се упатувања на погоре споменатиот субјект. 

Нашиот Координатор за заштита на податоци може да се контактира на наведената адреса или преку оваа e-mail адреса: privacy.ursa@etexgroup.com.

2. Кои принципи ги почитуваме?

Со цел да се усогласиме со важечките закони за заштита на податоците, ние ги обработуваме вашите лични податоци само врз основа на законско овластување или доколку имате издадено согласност. Ова исто така се однесува и за обработката на личните податоци за цели на маркетинг.

На оваа Веб страна ние смееме да собираме информации кои не ни овозможуваат да извлечеме никакви директни заклучоци за вашата личност. Во одредени случаи- особено кога се комбинираат со другите податоци- овие информации сепак можат да се сметаат за „лични податоци“ согласно важечките закони за заштита на податоци. Понатаму, на оваа Веб страна ние смееме да собираме информации само кои не ни овозможуваат да ве идентификуваме, директно или индиректно; ова е случај, на пример, со собраните информации за сите корисници на нашата Веб страна.

3. Кои податоци ги обработуваме?

Може да пристапите на нашата Веб страна со внесување на лични податоци (како вашето име, вашата поштенска адреса или вашата e-mail адреса). И во овој случај, ние мора да обработиме одредени информации за да ви овозможиме да пристапите на нашата Веб страна. Покрај тоа, користиме одредени методи за анализа на оваа Веб страна и имаме интегрирани функционалности на трети лица („социјални дополнителни компоненти“).

Датотеки за евиденција: Кога ја посетувате нашата Веб страна, нашиот веб сервер автоматски го зачувува името на доменот или IP адресата на компјутерот кој го испраќа барањето (обично компјутер на вашиот провајдер на интернет пристап) вклучително датумот, времето и времетраењето на вашата посета, подстраниците/URL адресите кои ги посетувате и информации за апликациите и терминалите кои ги користите за преглед на нашите страници.

Колачиња: Со цел да ја направиме нашата Веб страна што е можно поедноставна за користење, ние- како и многу операторите на веб страници- користиме колачиња. Колачињата се мали текстуални датотеки кои се зачувани во вашиот пребарувач. Овие датотеки ни помагаат да препознаеме одредени параметри на нашите посетители при сурфањето и според тоа да ја дизајнираме нашата страна. Најголемиот дел од колачињата кои ги користиме се колачиња за сесија. Тие автоматски се бришат на крајот на вашата посета. Меѓутоа, користиме и трајни колачиња. Тие служат за подобрување на упатствата за корисниците. Нашите колачиња не собираат лични податоци и не се соодветни за ваша идентификација на Веб страни на трети лица. Можете да го нагодите вашиот пребарувач да ве известува за поставувањето на колачиња со цел користењето на колачињата да биде транспарентно за вас. Во принцип, може и да одбиете да прифатите колачиња преку нагодувањата на вашиот пребарувач. Меѓутоа, ова може да значи дека може да не бидете во можност да ги користите функциите на Веб страницата.

Анализа на веб страна преку Google Analytics: Ние користиме Google Analytics, сервис за веб анализа на Google Inc, 1600 Amphitheatre Parkway, Mountain View, CA 94043, USA ("Google"), на нашата Веб страна за постојано да ја усовршуваме нашата Веб страна. Google Analytics користи колачиња кои се зачувуваат на вашиот компјутер и кои овозможуваат анализа на користењето на Веб страната. Информациите кои се генерирани од колачето за вашето користење на оваа Веб страна обично се испраќаат до Google сервер во Европа (или во земја членка на Европската Економска Област) за анонимизација на IP адресата, за да се исклучи лична референца. Само откако IP адресата е анонимизирана, скратената IP адреса е пренесена до Google сервер во САД и е зачувана таму. Само во исклучителни случаи целосната IP адреса ќе биде пренесена до Google сервер во САД и таму ќе биде скратена. Оваа Веб страна користи Google Analytics со екстензија за анонимно собирање на IP адреси (таканаречено IP маскирање). Во ваше име, Google ќе ги користи собраните информации за да изврши проценка на вашето користење на Веб страната, со цел составување на извештаи за активноста на Веб страната и со цел да ни обезбеди други услуги поврзани со користењето на Веб страната. IP адресата пренесена од страна на вашиот пребарувач во контекст на Google Analytics не се комбинира со други Google податоци. Можете да одбиете користење на колачиња со избирање на соодветните нагодувања на вашиот пребарувач. Меѓутоа, би сакале да истакнеме дека во овој случај може да немате можност да ги користите сите функции на оваа Веб страна во целост. Исто така може да не дозволите Google да ги собира податоците генерирани од страна на колачето а кое се однесуваат на вашето користење на Веб страната (вклучително вашата IP адреса) и обработка на овие податоци од страна на Google преку преземање и инсталирање на дополнителни компоненти на пребарувачот достапни на следниот линк: http://tools.google.com/dlpage/gaoptout?hl=en. Се избира опција за неприфаќање на колачиња со што се спречува понатамошно собирање на вашите податоци при ваша посета на оваа Веб страна. Дополнителни информации за заштита на податоци на Google Analytics се достапни на https://www.google.com/analytics/terms/gb.html и на https://support.google.com/analytics/answer/6004245?hl=en

Алтернативно, може да го искористите линкот подолу, за да спречите податоците да бидат испратени до Google или обработени од Google.

За да откажете ве молиме кликнете овде.

Facebook социјална дополнителна компонента: Имаме интегрирано копче на социјалната мрежа Facebook (1601 South California Avenue, Palo Alto, CA 94304, USA - facebook.com) на нашата Веб страна. Можете да ги препознаете Facbook копчињата по Facebook логото или “Like” копчето.

Како оператор на оваа Веб страна, немаме информации за содржината на пренесените податоци или нивното користење од страна на Facebook. Не знаеме кога и кое копче сте го притиснале. За повеќе информации за тоа како Facebook ги користи вашите информации, ве молиме прочитајте ја Политиката за приватност на Facebook https://www.facebook.com/about/privacy/update .

Twitter копче: Нашата Веб страна користи копчиња на Twitter сервисот. Овие копчиња се обезбедени од Twitter Inc, 795 Folsom St., Suite 600, San Francisco, CA 94107, USA. Тие се препознатливи по изразите “Twitter” или “Follow”, во комбинација со стилизирана сина птица. Со помош на копчињата има можност да се сподели објава или страница од оваа понуда на Twitter или да го следиш провајдерот на Кога ќе пристапите до област од нашата Веб страна која содржи такво копче, вашиот пребарувач воспоставува директна врска со серверите на Twitter. Содржината на Twitter копчето се пренесува директно од Twitter до вашиот пребарувач. Затоа, немаме влијание врз количината на податоците кои Twitter ги собира со помош на овие дополнителни компоненти и ве информира исклучиво за основата на информациите кои ни се достапни. Потоа, само вашата IP адреса и URL адресата на нашата Веб страна ќе бидат пренесени при обезбедување на копчето, но нема да се користат за никакви други цели освен прикажување на копчето. Дополнителни информации се достапни на изјавата на Twitter за заштита на податоци на http://twitter.com/privacy.

Google+ копче: Нашата Веб страна го користи "+1″ копчето на социјалната мрежа Google Plus, со која управува Google Inc, 1600 Amphitheatre Parkway, Mountain View, CA 94043, Соединетите Држави ("Google"). Копчето може да се препознае по знакот “+1” на бела позадина. При посетата на област на нашата Веб страна која содржи такво копче, вашиот пребарувач воспоставува директна врска со серверите на Содржината на “+1” копчето се пренесува директно од страна на Google до вашиот пребарувач и се интегрира во Веб страната. Затоа, ние немаме контрола врз количината на податоците кои Google ги собира со користење на копчето, но претпоставуваме дека вашата IP адреса исто така ќе биде заведена. Целта и обемот на собирањето на податоците и понатамошната обработка и употреба на податоците од страна на Google како и вашите права и можности за нагодување за заштита на вашата приватност се достапни во политиката за приватност на Google за “+1” копчето:  https://developers.google.com/+/web/buttons-policy . Доколку сте член на Google Plus и не сакате Google да собира податоци за вас преку нашата Веб страна и да ги поврзе со податоците за вашето членство кои се складирани на Google, мора да се одјавите од Google Plus пред да ја посетите нашата Веб страна.  

Опции за барање на информации

Ние обезбедуваме различни информации и опции за консултација преку образец за контакт на нашата Веб страна. Во зависност од опцијата која ќе ја изберете, ние обработуваме различни лични податоци:

а) Контакт

Ако не контактирате преку еден од каналите наведени на нашата веб-страница, ние ќе ги обработиме сите лични податоци што се содржани во вашата порака и што вие сте ги обезбедиле, со цел да го обработиме и да одговориме на вашето барање.

b) Информации преку пошта/електронска пошта

Доколку сте побарале да биде испратен материјал за информации, ние ќе ги обработиме податоците кои ќе ги обезбедите во образецот за контакт, барем вашето име и презиме и податоци за контакт каналот кој сте го избрале (поштенска адреса и/или електронска пошта) за единствената испорака на материјалот кој сте го побарале.

c)Консултации по телефон

Доколку сте побарале консултации по телефон, ние ќе ги обработиме податоците кои ги обезбедивте во образецот со контакт, барем вашето презиме и име како и вашиот телефонски број со цел да ја обезбедиме бараната консултација по телефон.

d)Лична консултација

Доколку сте побарале лична консултација, ние ќе ги обработиме податоците кои сте ги обезбедиле во образецот за контакт, барем вашето презиме и име како и вашиот телефонски број и/или e-mail адреса, со цел да ве контактираме за да закажеме состанок за лична консултација.

4. За кои цели и на која правна основа ги обработуваме вашите лични податоци?

  1. Ние ги обработуваме личните податоци кои може да се содржат во датотеките за евиденција за да ви овозможиме да ја користите нашата Веб страна; оваа обработка се заснова на член 6 став 1 ѓ) од ОРЗП за целите на нашиот оправдан интерес во управување на нашата Веб страна.
  2. Ние ги обработуваме податоците собрани со употребата на колачиња и псевдонимизирани кориснички профили со цел да спроведеме директен маркетинг, истражување на пазарот и понатамошен развој на нашите дигитални понуди врз основа на потребите на корисникот врз основа на член 6 став 1 ѓ) од ОРЗП за целите на нашиот оправдан интерес во анализата на користењето на нашата Веб страна.
  3. Обработката на личните податоци за постапување по некое од вашите барања доставени преку некој од каналите наведени на нашата веб-страница секогаш се врши за целите на нашите легитимни интереси при воспоставувањето и одржувањето на деловните контакти врз основа на член 6 став 1 ѓ) од ОРЗП. Ако вашето барање е поврзано со склучување договор или со преддоговорни мерки, вашите лични податоци ќе бидат обработени врз основа на член 6 став 1 б) од ОРЗП.
  4. Ние ги обработуваме податоците кои ни се обезбедени за користење на нашите информации и консултантски опции за да ви ја обезбедиме избраната опција. Ги обработуваме овие лични податоци врз основа на вашата согласност согласно Член 6 (1) а) од ОРЗП. Ве молиме имајте во предвид дека можете да ја повлечете вашата согласност во секое време без да наведете причини и која ќе важи за понатаму со тоа што едноставно ќе не контактирате преку каналите за контакт наведени на првата страница од овие информации за заштита на податоци.
  5. Дозволено ни е податоците обработени во врска со вашето користење на вашата Веб страна и за усогласување со правните обврски на кои подлежиме; оваа обработка се заснова на Член 6 став 1 в) од ОРЗП.
  6. До потребната мерка, обработуваме лични податоци (покрај обработката за цели на работен однос или за усогласување со законските обврски) за цели на наши оправдани интереси или оправдани интереси на трето лице врз основа на Член 6 став 1 ѓ) од ОРЗП. Оправдан интерес може да вклучува:
    1. подготовка на одбрана од тужби
    2. спречување и истрага на кривични дела
    3. управување и понатамошен развој на нашите деловни операции вклучително управување со ризик

5. Дали сте обврзани да обезбедите податоци? Дали може да ја повлечете вашата согласност? 

  • Информациите потребни за регистрација за нашиот билтен, обезбедување на информации и консултации, извршување на нарачки преку Интернет или регистрација како корисник или создавање на корисничка сметка се означени како задолжителни информации во соодветната област на веб-страницата ( на пример онлајн образец); без обезбедување на задолжителни информации, не можеме да ви дозволиме да ја користите соодветната функционалност.
  • Ако собереме дополнителни податоци од вас, ќе ве информираме дали обезбедувањето такви информации се заснова на правна или договорна обврска или е потребно за извршување на договорот. Ние обично укажуваме кои информации може да се достават доброволно и не се засновани на правна или договорна обврска, ниту пак се неопходни за целите на договорот.
  • Можете да ја повлечете вашата согласност во било кое време без да дадете причини а истото ќе важи за во иднина, доколку едноставно ни се обратите преку каналите за остварување контакт кои се наведени на првата страница од овие информации за заштита на податоци. Исто така ќе најдете линк да за одјава во секоја е-пошта.

6. Кој ги прима или има пристап до вашите податоци?

Вашите лични податоци обично се обработуваат во рамките на нашата компанија. Во зависност од категориите на лични податоци, само на наменски одделенија / организациони единици им се одобрува пристап до вашите лични податоци. Таквите служби ги вклучуваат особено одделенијата одговорни за нашите дигитални понуди (на пример веб-страниците) и нашиот ИТ оддел. Врз основа на концептот за управување со улоги / права, пристапот до лични податоци е ограничен на функциите и степенот неопходен за соодветната цел на обработката.

Ако и до степенот дозволен со закон, ние смееме да ги пренесеме вашите лични податоци на примателите надвор од нашата компанија. Таквите надворешни приматели може да вклучуваат

  • поврзани компании во групацијата Xella, на кои смееме да пренесуваме лични податоци.
  • даватели на услуги кои - врз основа на посебни договори со нас - обезбедуваат одредени услуги, кои може да вклучуваат обработка на лични податоци, како и одобрени подизведувачи на нашите даватели на услуги;
  • приватни или јавни тела, до степен до кој сме должни да ги пренесеме вашите лични податоци врз основа на законска обврска на која подлежиме; 

7. Дали користиме автоматизирано донесување на одлуки?

Во врска со работењето на нашите веб-страници ние генерално не користиме автоматизирано донесување одлуки (вклучувајќи профилирање) во рамките на значењето на Член 22 од ОРЗП. Ако ги применуваме овие процеси во иднина, ќе ве информираме посебно, во согласност со важечките законски одредби.

 8. Дали податоците се пренесуваат надвор од ЕУ/ЕЕО?

Личните податоци се обработуваат генерално во рамките на Европската унија или Европската економска област; ние немаме намера да пренесуваме лични податоци во други земји.

Само во врска со употребата на даватели на услуги за да се обезбедат услуги за веб анализа, информациите можат да се пренесат на примателите во таканаречените "трети земји". "Трети земји" означуваат земји надвор од Европската унија или Договорот за Европската економска област, каде што не може брзо да се претпостави ниво на заштита на податоците што може да се спореди со оној во Европската унија.

Доколку пренесените информации содржат лични податоци, пред таквиот пренос ние се уверуваме дека неопходното соодветно ниво на заштита на податоците е загарантирано во соодветната трета земја или кај примателот во третата земја. Ова може да резултира особено од т.н. "одлука за адекватноста" на Европската комисија, која воспоставува соодветно ниво на заштита на податоците за одредена трета земја како целина. Како алтернатива, ние исто така можеме да пренесуваме податоци за т.н. "стандардни клаузули за заштита на податоци" договорени со примателот или - во случај на корисници во САД - за усогласување со принципите на таканаречениот "Штит за приватност ЕУ-САД" "или за какви било други заштитни мерки дозволени со важечките правни услови. Со задоволство ќе ви обезбедиме понатамошни информации за соодветни заштитни мерки за одржување на соодветно ниво на заштита на податоците на барање; контакт податоците може да се најдат на почетокот на овие информации за заштита на податоците. Информации за учесниците на Штитот за приватност ЕУ-САД исто така може да се најдат тука privacyshield.gov/list.

9. Колку долго се чуваат вашите податоци?

Обично ги чуваме личните податоци се додека имаме оправдан интерес за задржување на таквите податоци и тука не преовладува интересот на субјектот на податоците за воздржување од понатамошната обработка. Дури и без оправдан интерес, можеме да продолжиме да ги чуваме податоците доколку постои законска обврска (на пример, за да се усогласиме со законските обврски за чување на податоци). Ние ги бришеме личните податоци дури и без барање од субјектот на податоци веднаш штом нивното понатамошното чување повеќе не е потребно за целите за кои податоците биле собрани или на друг начин обработени или доколку понатамошното чување не е на друг начин дозволено со закон.

Што се однесува на погоре наведената обработка, ние редовно:

  • ќе ги избришеме податоците во рок од седум дена, доколку понатамошното складирање не е потребно за целите утврдени со закон, како што е откривање на злоупотреба и откривање и поправка на технички грешки;
  • Ќе ги избришеме податоците обработени во контекст на онлајн нарачка по истекот на законските рокови за чување; и
  • Ќе ги избришеме податоците обработени во контекст на регистрација како сметка на корисник или клиент по прекинот на регистрацијата или бришење на сметката на клиентот.

Доколку личните податоци треба да се чуваат за да се усогласиме со некаква законска обврска, таквите податоци се чуваат до крајот на соодветниот период за чување. Доколку личните податоци се обработуваат само за да се усогласиме со законската обврска за чување, пристапот до такви податоци обично се ограничува, така што податоците се достапни само доколку се потребни за целите на обврската за чување.

10. Кои се вашите права како субјект на податоци?

Како субјект на податоци, под одредени услови, можете:

  • Да побарате пристап до вашите лични податоци, член 15 од ОРЗП;
  • Да побарате исправка на неточни лични податоци, член 16 од ОРЗП;
  • Да побарате бришење на вашите лични податоци, член 17 од ОРЗП;
  • Да побарате ограничување на обработката на вашите лични податоци, член 18 од ОРЗП;
  • Да го остварите го вашето право на преносливост на податоци, член 20 од ОРЗП;
  • Да се спротивставите на обработката на вашите лични податоци, член 21 од ОРЗП.

Горенаведените права може да ви бидат потврдени, на пример, со обезбедување на известување до нас преку деталите за контакт наведени на првата страница од оваа информација за заштита на податоци.

Во случај на дополнителни прашања, можете да стапите во контакт со нашиот координатор за заштита на податоци со испраќање на е-меил на следнава адреса: privacy.ursa@etexgroup.com.

Освен тоа, имате право да поднесете жалба во врска со обработката на вашите лични податоци кај надлежниот надзорен орган, член 77 од ОРЗП.

* * *