ursa-decke-1488190635.png

Тавани

Оптималната изолација на кровот обезбедува повеќе удобност и заштеда на скапата енергија. Во зависност од конструкцијата, освен топлинската изолација, може да се подобрат и звучната изолација и заштитата од пожар. Со своите производи од минерална волна со докажан квалитет URSA ги нуди следниве решенија.

Голем дел од топлината во зима се губи преку горната кровна плоча во неадаптираниот тавански простор. Топлиот воздух се качува нагоре, па затоа преземените мерки за топлинска изолација најголемо влијание имаат во горниот дел каде што е ладно. Лесно може да се направи подобрување на состојбата, со тоа што ќе се постават слоеви на топлинска изолација.

Уште

Спуштените плафони се конструкции од лесна градба, кои се закачуваат под плочата. Меѓупросторот се користи за инсталации како вентилациони канали, кабел и сл. Вграденото осветлување може да се монтира на исто ниво во самиот спуштен плафон, за да се добие една рамна површина на плафонот.

Уште

Подрумските плочи на подрумите може да се изолираат и од горната и од долната страна. Предуслов за изолација на долната страна на подрумската плоча е доволна висина на плафонот во подрумот.

Уште