ursa-steildach-1488190587.png

Коси покриви

Практичноста и удобноста во сопствените домови почнува најгоре, на кровот, бидејќи овде може одржливо да се намалат загубата на топлина во зима и прегревањето во лето. Природните изолациони материјали од минерална волна се докажаа како најдобри. Тие штитат од топлина и студ и од бучава и оган.

Коси покриви

Особено е важно правилното градежно-физичко прилагодување на функционалните слоеви на изолацијата на коси кровови. За долговечноста на конструкцијата и нејзината ефикасност се одлучувачки дифузијата на водена пареа и непропустливоста на воздух. Непропустливоста на ветер на надворешните функционални слоеви може дополнително да ја намали загубата на топлина, а со тоа се намалуваат потрошувачката на енергија и трошоците.

Помеѓу роговите на кровот од внатрешна страна

Овој метод е погоден за надградба на топлинската изолација на кровна конструкција што не е обложена, при што се задржува кровниот покривач, како и за кровни конструкции обложени од долната страна, кај кои се заменува кровниот покривач. За изолацијата помеѓу роговите на кровот се користат пред сè минерална изолациони материјали во форма на плочи или фолии, бидејќи неправилностите во конструкцијата може полесно да се прилагодат отколку со изолациони материјали од тврда екструдирана пена.

Под роговите на кровот

Во случај на постоечки облога на кровната конструкција од долната страна и функционален непропустлив кровен покривач се инсталира дополнителна топлотна изолација под роговите. Неопходната парна брана од внатрешната страна може да се изведе во форма на каширање со алуминиум или полиетиленска фолија. Предноста на топлинската изолација од долната страна е во тоа што таа може да се монтира без отворање или откривање на кровната мембрана.

Обработка

Обработка: определување на дебелината на изолациониот материјал
Мерење на висината на роговите и утврдување на дебелината на изолациониот материјал.

 

Препорака: Целосна изолација на рогови (висина на рог = дебелина на изолационен материјал) кај паропропусна мембрана

 

1. Сечење на самоносив филц

(помошно средство: нож за сечење изолационен материјал)

Отворете го пакетот со изолационен материјал и одвиткајте ја ролната со материјалот. Измерете ја ширината на полето со роговите и исечете со вишок од околу 1 cm странично од ролната со изолационен материјал. Користете ги референтните ознаки за сечење на горната страна!

 

2. Поставување на самоносив филц

Фатете го изолациониот материјал на страните, притиснете го лесно и притиснете го на исто ниво со долната страна на роговите во полето со рогови. На тој начин се изведува изолацијата на целата површина во кос кров. Внимавајте на поставувањето на споевите!

 

3. Прицврстување на URSA SECO PRO 2 односно SECO PRO SDV парна брана

(Помошно средство: пиштол за хефтање)

Прицврстете ја парната брана попречно (или по должина) на роговите со мал провес во полето помеѓу роговите (прифаќање на движењето на компонентите) со помош на пиштол за хефтање на роговите. При сечењето да се земе предвид вишок на материјал за споевите (околу 20 cm) и преклопувањата (околу 10 cm).

 

4. Лепење на преклопите на парната кочница URSA SECO PRO KP

(Помошно средство: нож)

Залепете ги преклопите и по потреба споевите со лепливата лента URSA SECO PRO KP. Потоа со соодветно притискање да се изведе залепена површина без фуги, процепи и пропустливост на воздух.

 

5. Спојување на продорите со URSA SECO PRO KA

(помошно средство: евентуално нож)

Сите продори на парната брана со мазна површина (на пр. испусен отвор) залепете ги со помош на лепливата лента URSA SECO PRO KA непропустливо за воздух. Парната брана спојте ја без затегање и внимавајте површината да биде сува, без прашина и без маснотии!

 

6. Спојување на ѕид со URSA SECO PRO DKS

(помошно средство: пиштол за лепило)

Со изолационото лепило URSA SECO PRO DKS нанесете слој со дијаметар од приближно 8 mm на соседната компонента (исчистена од прашина и маснотии). Во зависност од површината на компонентата, следете ги инструкциите на пакувањето. Притиснете ја парната кочница врз нанесениот слој лепило ослободувајќи го притисокот со помош на лента (не притискајте рамно). Лепилото треба да овозможи непречено и херметичко поврзување на соседните компоненти.

 

Совет

За подобрување на топлинската изолација дополнително монтирајте филц под роговите на нивото на потконструкцијата на внатрешната обвивка. Притоа потребно е да се направи пресметка за појавата на кондензација, ако топлинската отпорност под парната брана надминува 20% од вкупната топлинска отпорност на конструкцијата.