Приклучок

Поради контактот со дожд, снег и прскање со вода, цоклето е изложено на посебно оптоварување. Затоа е потребна посебна и сигурна изолација со URSA XPS. За топлинската изолација на оваа област се погодни изолационите плочи од екструдиран полистирен на URSA со површина во форма на саќе. Тие може за време на бетонирањето да бидат поставени во оплатата, дополнително да се залепат или механички да се прицврстат и подоцна соодветно да се малтерисаат.

Топлински мостови

Топлински мостови се делови условени од карактеристиките или геометријата на материјалот, низ кои поминува голема количина на топлина и покрај оптималната топлинска изолација.

Пример за тоа се челните страни на меѓукатните плочи, надпрозорниците и шпалетните долж отворите за прозорецот. Покрај загубата на енергија овде постои и ризик од кондензација и формирање на мувла. За топлинска изолација на овие делови се користат изолационите плочи URSA XPS со површина во форма на саќе или рапава површина. Тие може да се монтираат во оплатата при бетонирањето, дополнително да се залепат или да се прицврстат механички и подоцна соодветно да се малтерисаат.