За URSA

Највисок квалитет за највисок задоволството на клиентите - во согласност со оваа филозофија, вработените во URSA размислуват и дејствуваат. Само тогаш кога нашите клиенти се задоволни сме ја постигнале нашата цел.

URSA Macedonia

По спојувањето на двата европски производители на изолациони материјали Pfleiderer и Poliglas, од 2003 година URSA Macedonia е синоним за концентрација на експертиза на домашниот пазар на изолациони материјали. Како подружница за продажба и дистрибуција на шпанската компанија URSA Insulation, во Австрија се појавува како еден од водечките европски производители на изолациони материјали.

Од една страна нашите клиенти имаат придобивки од нашето повеќедецениско искуство во областа на изолациони материјали, а од друга страна од меѓународната мрежа на компании.

Компанијата URSA Macedonia е со седиште во Виена.

URSA International

Со повеќе од 1800 вработени во 13 производствени погони и околу 40 продажни места, URSA е присутна во Европа, Блискиот Исток и Северна Африка. Со повеќе од 60 години искуство и со обрт од 450 милиони евра, денес URSA е еден од водечките европски производители на изолациони материјали. 

Минералната волна на URSA се произведува во Шпанија, Франција, Белгија, Германија, Словенија, Полска и во две фабрики во Русија.

Фабриките на URSA за производство на XPS се сместени во Германија, Франција, Шпанија, Италија и Русија.

 Map_MK

About Xella Group

Xella Group is a leading, internationally operating solution provider of building materials and related industries, is headquartered in Duisburg/Germany, with 95 plants in 20 countries and sales organizations in more than 30 countries. In many of its markets Xella holds leading positions.

The success of Xella is based on strong brands in the premium segment, a superior service portfolio, a solid business model, and systematically expanded cost leadership.

With its Ytong, Hebel and Silka brands, Xella is one of the world's largest manufacturers of autoclaved aerated concrete and calcium silicate units. The Multipor brand stands for non-flammable mineral insulation boards. Fermacell and Fermacell Aestuver provide dry lining and fire protection solutions while Fels is one of Europe's leading producers of lime and limestone products.

Xella’s products are sustainable both in manufacture and use. Therefore, they make an important contribution to the construction of energy-efficient, high-quality buildings, and consequently to environmental protection and the conservation of resources.

Историја

URSA е модерна компанија со повеќе од 60 години искуство на полето на изолациони материјали.

Од една страна почетоците на производителот на изолациони материјали датираат уште во 1949 година, кога е формирана компанијата POLIGLAS во Шпанија, а од друга страна во 1955 година, годината кога е формирано друштвото Dämmstoff Held GmbH во Германија. Во 1988 година шпанската групација Uralita ја презема компанијата POLIGLAS. Во 1991 година компанијата Pfleiderer почнува да работи во Германија во областа на изолациони материјали.

Двете компании растеа паралелно - POLIGLAS се развиваше во Западна Европа преку изградба на нови фабрики, додека Pfleiderer се прошири во Источна Европа сè до 2002 година, кога групацијата Uralita го купи од Pfleiderer делот со изолациони материјали. 

URSA официјално беше формирана во 2004 година. Оттогаш компанијата се зголеми и денес со своите 13 производствени погони и околу 40 продажни места во Јужна, Западна и Источна Европа и Русија се вбројува во еден од водечките производители на изолациони материјали.

Хронолошки преглед

Настанок (1949 - 1970)

Првата експанзија (1974 - 1987)

Први достигнувања и развој на меѓународниот пазар (1988 - 1995)

Нови производи и понатамошна меѓународна експанзија (1996 - 1998)

50 години POLIGLAS и раст надвор од границите на Европа (1999 - 2001)

Се формира нова компанија (2002 - 2004)

100 години Uralita и капацитетите продолжуваат да растат (2005 - 2007)

Развивање на нови производи (2008 - 2011)

Забрзување на растот (2012 - 2015)

URSA becomes part of the Xella Group (2017)

Визија и Мисија

Одржливиот развој е и треба да биде важна тема во нашиот живот.

Топлина, сигурност и благосостојба – тоа се основните потреби на луѓето и движечката сила на нашето деловно работење. 

Нашите иновативни производи од изолациони материјали обезбедуваат енергетска ефикасност во зградите, со што го подобруваме квалитетот на живот на луѓето и ја заштитуваме нашата животна средина. Како ниту еден градежен материјал досега, производите за енергетска ефикасност на URSA ги штедат вредните извори на енергија, ги намалуваат емисиите на CO2 на одржлив начин и истовремено придонесуваат за удобност во живеењето.

URSA придава големо значење на високи стандарди за заштита на животната средина. Сите производствени процеси на компанијата се оптимизирани за да се намалат можните влијанија врз животната средина на апсолутен минимум. Екстракцијата и преработката на суровините, како и управувањето со отпадот, потрошувачката на енергија и емисијата на загадувачки супстанции влијаат на таквите мерки. Тоа се задачи, кои стануваат сè поважни во иднина.

Компанијата URSA се залага за иновативни производи и висок квалитет. Со нашите основни производи т.е. минерална волна, екструдиран полистирен и фолии ги покриваме сите сегменти на примена во областа на топлинска и звучна изолација. 

За тоа придонесуваат вработените на URSA со своето знаење, посветеност и иновативност. Тоа ни овозможува постојано да развиваме нови производи и услуги, што се прилагодени на индивидуалните барања на нашите клиенти.

URSA е Вашиот партнер за заштеда на енергија, топлинска и звучна изолација со решенија со минерална волна и XPS, поткрепено со одлична продажба, ефикасен синџир на снабдување и страста на сите наши вработени.

 

 

Одржливост

Одржливиот развој е и треба да биде важна тема во нашиот живот.

Глобалните климатски промени фокусот го ставија на емисијата на CO2 и ефикасното користење на ограничените постоечки извори на енергија, кои многу побрзо се трошат отколку што се обновуваат.

Во текот на една година нашата планета има ограничен потенцијал за обновување на ресурсите што ги трошиме и за прифаќање на отпадот што го произведуваме. Во моментот на природата ѝ се потребни 16 месеци за да го обнови она што ние го трошиме во 12 месеци. Тоа значи дека ние трошиме од ресурсите на идните генерации. 

Во Протоколот од Кјото и во рамките на Климатската и енергетската политика до 2030 и 2050 год. Европската Унија презема долгорочни енергетски иницијативи. Тоа значи дека сега е неопходно да се преземат итни мерки за да може да се достигнат целите и да се задоволат потребите на идните генерации.

Бидејќи најголемиот дел од енергијата се троши за згради (40% за згради наспрема 32% за сообраќај и 28% за индустријата), напорите се концентрирани на намалување на потрошувачката на енергија во оваа област.

Нашите згради вообичаено се користат многу долг период. Затоа само следењето во текот на цел еден животен циклус може да даде информации за фактичкиот квалитет на една зграда. 

 

Критериуми за одржливост

Одржливоста е холистички пристап, земајќи ги предвид 3 столбови на одржливоста (објект – еколошки, економски и социо-културен квалитет) и нивната интеракција едни со други.

Од овие 3 димензии се изведуваат различни критериуми за градежната индустрија. 

  1. Еколошки квалитет (влијание врз животната средина)

Кај еколошкиот квалитет предвид се зема потрошувачката на ресурси (на пример потрошувачка на суровини и енергија) и нејзиното влијание врз животната средина (на пример глобално затоплување, озон). 

  1. Економски квалитет (економичност)

Кај економскиот квалитет предвид се земаат пред сè трошоците за изградба, користење и уривање/демонтажа.

  1. Социо-културен квалитет (удобност)

Кај социо-културниот квалитет предвид се земаат дизајнот, естетиката и достапноста, но и здравјето и удобноста.

 

Како многу други организации и компании, така и URSA како компанија што е свесна за животната средина и одржливоста, сака да заеме став против климатските промени. Изолационите материјали на URSA имаат позитивно влијание врз сите 3 главни критериуми за одржливост.

 

На пример, за URSA PUREONE тоа значи:

- производ што главно се состои од рециклирано стакло (штедење на природните ресурси);

- производот нуди одлична топлинска изолација (намалување на потрошувачката на енергија при користењето)

- производот користи еколошко акрилно врзивно средство на база на вода (подобрување на квалитетот на воздушниот простор).

 

Производите на URSA влијаат на голем број индивидуални критериуми и со тоа ја подобруваат одржливоста на зградата.

 

Животен циклус (анализа на животен циклус)

Во рамките на анализата на животниот циклус се стреми кон оптимизација на сите фактори во целиот животен циклус на една зграда – значи од екстракција на суровини, преку изградба и користење до уривање/демонтажа.

 

Еколошка декларација на производ (EPD)

Влијанијата на градежните производи врз одржливоста на зградите се опишани во еколошката декларација на производот. Декларацијата дава информации за користењето на енергија и ресурси и за тоа во која мера производот придонесува за ефектот на стаклена градина, закиселување, еутрофикација, уништување осиромашување на озонската обвивка и формирање на смог. Освен тоа, содржани се и податоци за техничките карактеристики, што се потребни за процена на перформансите на градежниот производ во зградата, како што се животен век, топлинска изолација и звучна изолација или влијанието врз квалитетот на воздухот во затворени простории.